Mesut Zeyrek
25 Јуни 2021•Ажурирај: 27 Јуни 2021
КЕЛН (АА) – Во Германија, со направените промени во законот, се забранува употребата на знамето и симболите на Палестинското движење за исламски отпор (Хамас), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Со направените промени во рамките на низата закони донесени во Бундестагот со гласовите на Партиите на христијанското единство (ЦДУ/ЦСУ) и на Социјалдемократската партија (СПД) кои формираат коалициона Влада во Германија, исто како и на терористичката организација ПКК, забранети се знамето и симболите на Хамас.
Според додадениот член 86, од сега понатаму, доволно е една организација да биде на листата за тероризам на Европската Унија (ЕУ) за знамето на таа организација да биде забрането.
Знамето на Хамас се користеше често, особено во антиизраелските демонстрации што неодамна се одржуваа во земјата.
- Поостри казни за злосторствата од омраза -
Според друг член кој е прифатен во Бундестагот, сериозните навреди кон крајно десничарските екстремисти, муслиманите и Евреите, хомосексуалците и лицата со попреченост, ќе бидат казнети построго.
Од сега понатаму, апликациите за добивање на германско државјанство на странците кои извршуваат расистичко, ксенофобично или антисемитско злосторство, нема да бидат прифатени.
По нацрт-законот одобрен од Парламентот, исто така, прашањата во тестот за државјанство ќе бидат ревидирани и преуредени.