Mesut Zeyrek
09 Мај 2020•Ажурирај: 10 Мај 2020
КЕЛН (АА) – Неидентификувани лица со камења ја нападнаа џамијата „Корвајлер“ во градот Келн, која припаѓа на Управата за верски работи на Турската исламска заедница во Германија (DITIB), пренесува Агенција Анадолија (АА).
На денот кога џамијата повторно требаше да се отвори за заедничка богослужба, по речиси 8 недели од затворањето поради мерките против Ковид-19, стаклата и главната влезна врата на џамијата беа оштетени.
Нападот со камења врз џамијата се случил во 01:13 часот по полноќ и е снимен од безбедносните камери на џамијата.
Се наведува дека нападот го извеле две лица.
Претседателот на Здружението на џамијата „Корвајлер“ од Управата за верски работи на Турската исламска заедница во Германија (DITIB), Ибрахим Алтун, изјави дека за нападот врз џамијата изутрината била известена полицијата и дека е започната истрага.
Алтун исто така изјави дека очекува напаѓачите да бидат фатени и изведени пред лицето на правдата што е можно поскоро.