Adham Kako
03 Мај 2020•Ажурирај: 04 Мај 2020
АНКАРА
Сириската мрежа за човекови права (СНХР) соопшти дека од почетокот на граѓанската војна во Сирија досега се убиени 707 медиунски работници, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во извештајот на СНХР објавен по повод 3 Мај - Светски ден на слободата на медиумите се наведува дека според Организацијата „Новинари без граници", Сирија се наоѓа на 174 место од 180 земји што се однесува до слободата на медиумите.
Во овој извештај се истакнува дека од март 2011 година кога започна граѓанската војна, досега убиени се 707 медиумски работници, 6 жени и 9 странци.
Според тоа, режимот на Башар ал Асад и терористичките групи поддржани од Иран убија 551 медиумски работник, додека 22 медиумски работници загинаа во воздушните напади на Русија.
Терористичката организација ДЕАШ во овој период уби 64 медиумски работници.
Исто така, терористите на терористичката организација ЈПГ/ПКК убија четворица медимски работници во зоните кои ги држат под своја екупација, додека 33 медиумски работници се убиени од страна на воената опозиција како и антирежимските вооружени групи.
Во нападите на меѓународната коалиција за борба против ДЕАШ загина еден медиумски работник, додека 32 медиумски работници се убиени од страна на неидентификувани страни.
- 422 медиумски работници чекаат да бидат ослободени
Од почетокот на граѓанската војна во Сирија досега од страна на различни страни беа задржани 1.169 медиумски работници, од кои 422 сеуште не се ослободени, меѓу кои 3 жени и 17 странци.
Во извештајот се упатува апел за прекинување на нападите вез медиумските работници и нивно ослободување.
- Убиени 4 медиумски работници кои работеле за АА
Според извештајот, како резултат на нападите на различни страни во Сирија убиени се четворица медиумски кои работеле за Агенција Анадолија (АА).
Меѓу овие лица се 22 годишниот слободен дописник на АА, Енес Дијаб, кој загина на 21 јули 2019 година во воздушниот напад на Русија во Идлиб; новинарот на АА во Алепо, Салих Махмуд Лејла, кој загина во 2015 година во нападот на ДЕАШ со возило бомба; фоторепортерот соработник на АА, Весим ел Адил, од Идлиб смртно настрада во нападот на руските авиони во подрачјето на Бинин на 23 септември 2015 година; и 21-годишниот слободен дописник на АА, Меџид Дирани, кој загина на 19 февруари 2016 година во подрачјето на Дареја во Дамаск како резултат на погодување со шрапнел за време на отворениот оган од страна на еден тенк за време на нападот на силите на Асад.