Handan Kazancı
14 Јули 2018•Ажурирај: 15 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Денес во Данска и Шпанија се фатени двајца клучни терористи на ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Данска е фатено осомничено лице, идентификувано со иницијали C.C., кое се смета за одговорно на терористичката организација ПКК во Скандинавија. „Лицето ќе биде испорачано на Турција“, велат извори, кои зборуваа под услов да останат анонимни.
Според информациите до кои дојде АА, терористот на ПКК се наоѓа на црвена потерница во 192 земји, а го барале Интерпол и Европол.
Осомничениот, исто така е обвинет дека одел во терористички кампови во северен Ирак.
ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации од страна на Турција, САД и ЕУ, ја продолжи својата вооружена кампања против Турција во 2015 година.
Оттогаш, одговорна е за смртта на повеќе од 1.200 лица на турскиот безбедносен персонал, но и на цивили, вклучувајќи жени и деца.
Во друг случај, во Шпанија бил уапсен осомничен член на екстремно левичарската терористичка група ДХКП-Џ, кој, исто така се наоѓал на црвената потерница на Интерпол
Осомничениот, идентификуван со иницијали С.Г., се сомничи за убиство на 7 цивили во 1997 година во селото Улукале во турската источна покраина Тунџели.
Левичарската терористичка група ДХКП-Џ е одговорна за голем број терористички напади во Турција, вклучувајќи го и нападот во 2013 година врз Американската амбасада во Анкара, во кој загина турски чувар и беше повреден еден турски новинар.
Екстремно левичарската група се наоѓа на листата на терористички организации од страна на Турција, САД и ЕУ.