Adem Şalvarcıoğlu
14 Јули 2018•Ажурирај: 15 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Британецот Џон Волантен, еден од спасувачите на момчињата кои беа заробени во пештерата на Тајланд, изјави дека местото каде што се наоѓале момчињата, го откриле со помош на мирисот, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во пештерата постоеше и еден воздушен простор. Додека нуркавме, имавме и подрачје на кое можевме да изнуркаме, да земеме воздух и да мирисаме. Пред да дојдеме до децата имавме некои мирисни траги“, појасни спасителот Волантен.
Тајландската морнарица претходно, оваа недела, соопшти дека од потопената пештера се спасени сите 12 момчиња и нивниот тренер кои беа заробени подолго од две недели.
Со тоа е завршена големата драма, која траеше од 23 јуни кога младите фудбалери на возраст меѓу 11 и 16 години и нивниот 25-годишен тренер беа заробени во поплавената пештера Там Луанг Нанг Нон.
Спасителите дури по девет дена успеаја да дојдат до заробените во пештерата, а тешката операција за спасување, траеше три дена.