Andaç Hongur Erpehlivan
15 Октомври 2021•Ажурирај: 18 Октомври 2021
ИСТАНБУЛ
Црвената листа која ги одредува категориите на опасност кај птиците и објаснува зошто тие се исчезнати е ажурирана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според изјавата дадена од Асоцијацијата за природа, Светската агенција за заштита на птици подготви детален извештај со поддршка на илјадници експерти и волонтери од 54 земји и региони низ Европа.
Категориите на црвената листа е ажурирана за 544 вида птици кои живеат во регионите Гренланд, Исланд и Свалбард, Канарските Острови, Малта, Кипар, Азорските Острови, Кавказ и Уралските Планини.
Во рамките на извештајот, ажурирана е категоријата на црвената листа, а исто така е проценет ризикот од истребување. Најважните моменти од извештајот се:
„Тринаесет проценти од птиците во Европа, или 71 вид птици, се во опасност од исчезнување. Во минатиот век една од три птици во Европа е сериозно исчезната. Една од пет птици во Европа е во опасност од истребување. Патките и птиците во крајбрежјето (40 проценти), морските птици (30 проценти) и грабнувачите (25 проценти) се едни од птиците во Европа кои најбргу исчезнуваат.“
Главни причини за намалување на популацијата на птиците забележани во европските живеалишта се големите промени во користењето на земјиштето, инфраструктурните проекти, интензивната употреба на морските ресурси, загадувањето на внатрешните води и вобичаените практики во шумарството.
Иако бројот на некои видови грабливки од неодамна е зголемен поради законската заштита, бројот на многу видови грабливки кои зависат од отворените живеалишта (пасишта и предели) за храна сѐ уште се намалува.
Шафак Арслан, координатор за истражување на биолошката разновидност на Здружението на природата, во врска со ажурирањето на црвената листа, рече:
„Од една страна, животниот циклус на птиците брзо се уништува, а од друга страна, се дозволува да се ловат загрозените видови како што се црвеноглавиот кожувар, патката и грлицата. Постојните политики и активности не се доволни за да се смени оваа ситуација. Треба да има нови прописи во рамките на законот за продолжување на животниот циклус на птиците.“