Sayed Khodaiberdi Sadat
19 Јули 2020•Ажурирај: 20 Јули 2020
КАБУЛ (АА) - Тројца цивили ги загубија животите при експлозија на бомба поставена на патен правец во авганистанската покраина Урузган, јавува Агенција Анадолија (АА).
Зилгеј Ибади, портпаролот на гувернерот на Урузган, во изјавата за медиумите рече дека бомбата поставена на патот во близина на центарот на градот експлодирала додека минувало возило што превезувало цивили.
Ибади соопшти дека во експлозијата загинале тројца цивили.
Сè уште никој не ја презеде одговорноста за нападот.