Ruslan Rehimov
03 Април 2022•Ажурирај: 04 Април 2022
БАКУ (АА) - Едно лице загина, додека 24 се повредени во експлозија во ноќен клуб во главниот град на Азербејџан, Баку, соопшти Министерството за здравство доцна синоќа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Експлозијата и пожарот избувнаа во ноќен клуб на улицата „Терлан Алијарбејов“ во центарот на Баку околу 3 часот по полноќ, по локално време, соопшти Министерството.
Се истакнува дека на местото испратени се противпожарни и спасувачки екипи и пожарот набрзо е изгаснат.

Заменик-министерот Етибар Мирзејев излезе на местото на настанот и изврши увид.
Десетици повредени лица се пренесени во болница.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Ехсан Захидов, изјави дека според прелиминарните иследувања, експлозијата се случила поради истекување на природен гас.
Во соопштението на компанијата за гас во земјата, „Азеригаз“, се наведува дека инцидентот се случил поради експлозија на цевка.
Становите и возилата каде што се наоѓа ноќниот клуб се уништени од експлозијата.