Ekipa
10 Август 2019•Ажурирај: 12 Август 2019
МОСКВА
Бројот на вработени во нуклеарната компанија „Росатом“, кои загинаа во експлозија за време на тестирање на воениот полигон во Северодвинск, сместен во северниот дел на Русија, се искачи на пет лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Прес-центарот на Рускиот државен орган за атомска енергија „Росатом“ објави дека во експлозијата што се случи во воената база во градот Северодвинск, кој се наоѓа во подрачјето Архангелск, бројот на загинати се искачил на пет лица.
Во соопштението се потсетува дека експлозијата настанала за време на тестирање на ракетен мотор, при што се повредени три лица кои се наоѓаат на болничко лекување.
Набргу по експлозијата што се случи во четвртокот, руското Министерство за одбрана имаше соопштено дека во несреќата загинале две лица, а дека четири се повредени, вклучувајќи војници и цивилни инженери.
Несреќата се случила на воениот полигон во Њонокса при тестирање на нов тип мотор кој служи како основа за тестирање на интерконтинентални балистички проектили наменети во нуклеарните подморници.