Berk Kutay Gökmen
09 Септември 2025•Ажурирај: 10 Септември 2025
ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку осум лица, сите членови на исто семејство, се убиени во експлозија вчера во западен Авганистан, објави локалната агенција „Аријана њуз“, пренесува Анадолу.
Смртоносната експлозија се случила во куќа во округот Балаблок во покраината Фарах, изјави денес портпаролот на покраинската Влада, Абдулмалик Осама, додавајќи дека меѓу жртвите се брачен пар и нивните шест деца.
Надлежните ги испитуваат причините за експлозијата.