Servet Günerigök
22 Јуни 2023•Ажурирај: 24 Јуни 2023
ВАШИНГТОН (АА) - Најмалку 31 лице загинаа во експлозија во ресторан во северозападниот кинески град Јинчуан, објавија државните медиуми, пренесува Анадолу.
Новинската агенција Синхуа објави дека експлозијата била предизвикана од истекување на течен нафтен гас.
Повредени се уште седум лица што се наоѓаат на лекување.
Експлозијата се случи околу 20:40 часот по локално време вчера, додека луѓето се собираа на почетокот на тридневниот фестивал Змејски брод.
Ресторанот се наоѓа на прометна улица во Јинчуан, главниот град на традиционално муслиманскиот автономен регион Нингсија Хуи.