Riyaz Khaliq Khaliq
08 Јануари 2024•Ажурирај: 09 Јануари 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку пет полицајци загинаа, а 27 други се повредени во експлозија во северозападен Пакистан, пренесува Анадолу.
Експлозијата се случила близу полициско комбе во Мамунд во провинцијата Хајбер Пахтунхва, изјави полициски функционер за локалниот дневен весник Дон.
Полициското комбе, наводно, превезувало претставници на кампањата против детска парализа.
Кампањата по експлозијата е прекината.