Emel Öz
21 Април 2022•Ажурирај: 22 Април 2022
КАБУЛ (АА) - Во експлозија на џамија во авганистанскиот град Мезар-и-Шериф загинаа најмалку десет, а повредени се 40 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Докторот од болницата во градот Мезар-и-Шериф, Гавсудин Енвери, кажа дека по експлозијата во џамијата „Сех Докан“, во болницата се донесени телата на починатите и повредените.
Енвери рече дека починале најмалку десет лица, а повредени се 40 лица.
Очевидци тврдат дека станува збор за самоубиствен напад.