Davit Kachkachishvili
16 Јули 2018•Ажурирај: 17 Јули 2018
ТБИЛИСИ (АА) - Четворица рудари го загубија својот живот во експлозија на гасот метан во рудник во грузискиот град Ткибули, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Министерството за внатрешни работи на Грузија се наведува дека во утринските часови се случи експлозија во рудникот Миндели.
Во ова соопштение се вели дека четворица рудари смртно настрадаа во несреќата, додека шест рудари се повредени.