Ali Cura
16 Јули 2018•Ажурирај: 17 Јули 2018
МОСКВА (АА) - Претседателот на Русија, Владимир Путин, соопшти дека за време на Светското фудбалско првенство биле извршени околу 25 милиони кибер напади врз информатичката инфраструктура на Русија, јавува Anadolu Agency (AA).
Путин одржа средба со претставниците на Центарот за меѓународна безбедносна соработка за Светското првенство на ФИФА, каде истакна дека околу 130 претставници, припадници на специјалните единици на 34 земји, биле вклучени во активностите за осигурување на безбедноста за време на Светското фудбалско првенство.
Путин информираше дека над 2 милиони лица и околу 200 објекти биле контролирани за време на подготовките за ова првенство.
Рускиот претседател нагласи дека за време на првенството извршени биле кибер напади врз информатичката инфраструктура на Русија.
„За време на Светското фудбалско првенство, неутрализирани се околу 25 милиони кибер напади и други кривични дела врз информатичката инфрастурктура на Русија поврзана со Светското првенство“, додаде Путин.