Adem Şalvarcıoğlu
07 Септември 2018•Ажурирај: 08 Септември 2018
ТОКИО (АА) - Подрачјето на најсеверниот јапонски остров Хокаидо вчера го потресе земјотрес со интензитет од 6,7 степени. Бројот на загинати се искачи на 16 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Премиерот на Јапонија, Шинзо Абе, информираше дека во шумскиот предел на островот Хокаидо каде што земјотресот предизвика свлечишта, пронајдени се 7 нови жртви, со што бројот на загинати се искачи на 16 лица.
Тој информираше дека во земјотресот се повредени повеќе од 350 лица, а 26 лица се водат за исчезнати.
Јапонската метеоролошка агенција, направи корекција, информирајќи дека интензитетот на земјотреот бил 6,7 степени, а неговиот епицентар се наоѓа источно од градот Томакомаи, на длабочина од 40 километри.
Продолжуваат операциите на спасувачките екипи по лицата за кои се смета дека се затрупани под свлечиштата.
Со цел да се укаже помош во спасувачките операции, во подрачјето се испратени 25.000 војници и друг персонал.