Adem Şalvarcıoğlu
30 Мај 2017•Ажурирај: 31 Мај 2017
ЏАКАРТА (АА) - Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала го потресе индонезискиот остров Сулавези, јавува Anadolu Agency (AA).
Американскиот геолошки институт (УСГС) објави дека синоќа во 21.35 часот е регистриран земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот е регистриран на 79 километри југоисточно од градот Палу, на длабочина од 9,1 километар.
Националната агенција за управување со кризи соопшти дека во земјотресот, во градот Палу се повредени три лица, а оштетени се голем број станбени објекти.
Во регионот погоден од земјотресот беа испратени спасувачки екипи.
Индонезиската служба за метеорологија, климатологија и геофизика наведе дека по земјотресот се забележани уште 14 потреси, но беше истакнато дека не постои опасност од цунами.
По земјотресот од 9,1 степен според Рихтеровата скала, од 26 декември 2004 година, Индонезија и околните земји беа погодени од цунами коешто однесе 230.000 животи.