Seyit Aydoğan
07 Септември 2018•Ажурирај: 07 Септември 2018
ТОРОНТО (АА) - Министерката за надворешни работи на Канада, Кристиа Фриланд, упати повик до сирискиот режим на чело со Башар ал Асад, за почитување на меѓународното хуманитарно право, заштита на цивилите и овозможување достава на хуманитарна помош, јавува Anadolu Agency (AA).
Фриланд во писмена изјава наведе дека сирискиот режим и сојузниците, од почетокот на војната во оваа земја најсериозно ги кршат одредбите на меѓународното хуманитарно право.
Таа нагласи дека моменталната ситуација во сирискиот град Идлиб е загрижувачка за цивилите.
„Сирискиот режим и сојузниците, без правење на какви било грешки продолжуваат да ги бомбардираат и да ги земаат за цел цивилите. Нападите на сирискиот режим врз Идлиб би биле катастрофални за 3 милиони цивили. Меѓу нив има и деца, доктори, болничари, новинари. Тие никако не смеат да бидат цел“, порача Фриланд, и додаде:
„Го повикуваме сирискиот режим на почитување на хуманитарното право, заштита на цивилите, како и овозможување безбедна и непречена достава на хуманитарна помош. Канада ќе продолжи да ги следи случувањата во Идлиб, и доколку биде потребно, подготвена е да го даде својот одговор.“