Во израелски напади врз Газа се убиени најмалку 12 Палестинци
- Очевидци изјавија дека израелските артилериски единици ги гранатирале квартовите Шуџаија, Зејтун и Туфах во градот Газа, во северниот дел на Појасот Газа.

ГАЗА (АА) - Најмалку 12 Палестинци се убиени, меѓу кои има жени и деца, во нападите извршени од израелската армија врз различни делови од Појасот Газа ова утро, известува Анадолу.
Очевидци изјавија дека израелските артилериски единици ги гранатирале квартовите Шуџаија, Зејтун и Туфах во градот Газа, во северниот дел на Појасот Газа.
Според информациите добиени од здравствени извори, 2 жени се убиени во артилерискиот напад врз областа Вади ал-Араис во квартот Шуџаија.
Тројца Палестинци се убиени, а голем број се повредени во гранатирањето на улицата Ел-Сика во квартот Зејтун.
Во израелското гранатирање на квартот Туфах убиени се 3 Палестинци.
Палестинец е убиен во напад со беспилотно летало на бегалскиот камп Мегази во централниот дел на Појасот Газа.
- Израел ги таргетира рибарите и шаторите во Хан Јунис
Седумнаесетгодишно момче го загуби животот во израелското бомбардирање на градот Хуза, источно од градот Хан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа.
Израелски воени чамци пукале врз група рибари покрај брегот на Хан Јунис. Во нападот е убиен еден рибар.
Израелските воени беспилотни летала гранатирале шатор во областа Маваси, западно од Хан Јунис, во кој биле сместени раселени Палестинци. Во овој напад убиено е едно дете.
Очевидци информираа дека израелски хеликоптери интензивно и континуирано со часови пукаат врз градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.