свет

Во израелските напади на Појасот Газа што започнаа пред 327 дена убиени се 40.534 Палестинци

- Израелската армија изврши 4 масакри во различни делови на Појасот Газа во последните 24 часа, во кои се убиени 58 Палестинци, а 131 се повредени.

Esat Fırat  | 28.08.2024 - Обновена : 29.08.2024
Во израелските напади на Појасот Газа што започнаа пред 327 дена убиени се 40.534 Палестинци

ИСТАНБУЛ (АА) - Министерство за здравство на Палестина во Газа објави информации за нападите на Израел врз Појасот Газа во текот на изминатите 327 дена, известува Анадолу.

Израелската армија изврши 4 масакри во различни делови на Појасот Газа во последните 24 часа, во кои се убиени 58 Палестинци, а 131 се повредени.

Бројката на убиени Палестинци израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври минатата година досега се зголеми на 40.534, додека бројот на повредени изнесува 93.778.

Во соопштението се наведува дека сѐ уште има мртви луѓе под урнатините и на патиштата, но дека медицинските тимови и претставниците на цивилната одбрана не се во можност да стигнат до телата поради препреките на израелските сили.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, чија последна пресуда им наложи на израелските власти веднаш да ја прекинат воената операција во јужниот град Рафа, каде што повеќе од милион Палестинци побараа засолниште од војната пред градот да биде нападнат на 6 мај.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.