Gamze Türkoğlu Oğuz
15 Септември 2019•Ажурирај: 17 Септември 2019
ХАЈДЕРАБАД
Во јужниот дел на Индија се преврте брод за прошетки. Според првите проценки, во несреќата животот го загубија 12 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот за внатрешни работи на индиската држава Андра Прадеш, М. Сучарита, информираше дека во реката Годавари, во близина на селото Качулуру се превртел брод за прошетки со 50 патници и 11 члена на екипажот.
Бродот што се превртел, се движел од местото Синганапали кон туристичкото место Папиконда. Во несреќата животот го загубиле најмалку 12 лица.
Во тек се операции за откривање на 35 лица кои се водат за исчезнати.