Mahmut Atanur
20 Ноември 2020•Ажурирај: 21 Ноември 2020
ЏАКАРТА
- Махмут АТАНУР
Во Индонезија, која се наоѓа во подрачјето на Пацифичкиот огнен појас, од опасноста на активен вулкан живеат 1,2 милиони луѓе, пишува Агенција Анадолија (АА).
Индонезија со повеќе од 120 активни вулкани, најголем број во светот, географски е сместена меѓу регионите со најголема вулканска и сеизмичка активност. Во исто време, Индонезија е дом на околу 13% од активните планински вулкани на Земјата.
Од приближно 270 милиони жители на Индонезија, 197 милиони се наоѓаат на оддалеченост од 100 километри од вулканските планини, а 9 милиони луѓе се на оддалеченост од 10 километри.

Според податоците на Националната управа за катастрофи на Индонезија, 1,2 милиони луѓе на различни острови налик на Суматра, Јава, Бали и Малуку живеат околу активни вулкани.
Додека 69 од 127 активни вулкани во земјата се набљудувани од Центарот за намалување на вулкански и геолошки катастрофи, Суматра и островот Јава спаѓаат во региони со најголем број вулкани.
Според податоците, 21 вулкан досега никогаш не еруптирале, и покрај вулканската активност.
Се проценува дека околу 100.000 луѓе директно и индиректно починале од експлозијата на вулканот Тамбора во 1815 година, која е регистрирана како најголема вулканска ерупција во поновата светска историја.
Во Индонезија од ерупцијата на вулканот Кракатау во 1883 година загинаа повеќе од 36.000 луѓе, додека од ерупциите на различни вулкани како што се Мерапи, Тамбора, Синабунг, Келуд, Галунггунг и Агунг во периодот од 1815 до 2018 година животот го загубија повеќе од 150.000 лица.
Од подрачјето во близината на вулканот Мерапи во Индоензија, во почетокот на овој месец евакуирани се повеќе од 1.500 жители поради зголемената опасност од вулканска ерупција.
Агенцијата за вонредни ситуации на Централна Јава соопшти дека поради зголемената активност на вулканите, подигнат е степенот на опасност, поради што евакуирани се жителите на 9 села.
Во текот на евакуацијата приоритет имаа старите лице, децата, бремените жени, жените со мали деца и лицата со инвалидитет.
Локалните официјални лица информираа дека досега на безбедно се префрлени повеќе од 500 лица, а евакуацијата на подрачјето Џангкринган, во близина на вулканот, ќе продолжи в понеделник.
Центарот за истражување и развој на технологии за геолошки катастрофи соопшти дека е издадено портокалово предупредување поради активносите на вулканот Мерапи.
Во ерупцијата на вулканот Мерапи висок 2.968 метри во 2010 година животот го загубија 347 лица.
Системот за предупредување од вулкански активности во Индонезија има 4 степени што се разликуваат според бојата - зелена, жолта, портокалова и црвена, која означува највисок степен.