Во Џамијата Фатих во Истанбул се одржа погребната молитва во отсуство на телото на убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги.
Ekip
16 Ноември 2018•Ажурирај: 16 Ноември 2018
Istanbul
ИСТАНБУЛ (АА) - Во Џамијата Фатих во Истанбул се одржува погребната молитва во отсуство на телото на убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги.
Колумнистот на весникот „Вашингтон пост“ („The Washiington Post“) е убиен на 2 октомври во објектот на саудискиот Конзулат во Истанбул. По неколкунеделно негирање дека имаат одредени сознанија во врска со Кашоги, саудиските официјални лица признаа дека Кашоги бил убиен при расправија во Конзулатот.
Неговите посмртни останки допрва треба да се вратат на семејството, кое бараше враќање, по извештајот дека телото на Кашоги е растворено во киселина.