?????
03 Февруари 2016•Ажурирај: 03 Февруари 2016
САРАЕВО (AA) – Меѓународната помош за жртвите на петгоддишната војна во Сирија е закажана. Меѓутоа, организаторите на донаторската конференција која треба да се одржи во четврток се надеваат дека светот овој пат ќе ја покаже својата великодушност, иако очекувањата се големи, бидејќи се проценува дека за помош на Сиријците во земјата и странство се неопходни околу девет милијарди долари за 2016 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Очекувањата се базираат на дебатите за помош од минатите години, но и хаотичната мигранција на илјадници очајни Сиријци кои се упатија во Европа.
Земјите донатори се обидуваат да го успорат приливот со цел да ги заштитат своите интереси во склад со начелата на меѓународната солидардност, а тие се јасни- ако даваат повеќе и попаметно ги потрошат парите за згрижување на бегалците, ќе го олеснат товарот под кој се наоѓаат земјите од Блискиот исток.
„Сметам дека европските искуства ќе ги разбистрат умовите. Не смета дека тоа е лоша работа, посебно доколку доведе до позитивна акција во четврток, а се надевам дека ќе донесе" , рече Гај Рајдер, претседателот на Меѓународната организација за труд.
Донаторската конференција ќе се одржи во четврток во Лондон, а заеднички домаќини ќе бидат Велика Бритаија, Германија, Норвешка, Кувајт и Обединетите нации. Повикани се светските лидери од неколку десетици земји, претставници на меѓународната заедница, хуманитарните организации и разни граѓански групи.
Барањето за вкупната помош, кое ќе биде претставено во Лондон, изнесува девет милијарди долари. Во таа сума е вклучено и коррдинираното барање на хуманитарните организации на Обединетите нации кое изнесува 7,73 милијарди долари, додека барањето на владата домаќин изнесува 1,23 милијарди.