Dejan Maksimoviç
03 Февруари 2016•Ажурирај: 04 Февруари 2016
САРАЕВО (АА) - Бројот на смртни случаи поврзани со хероин и други опојни дроги во САД достигна до едно загрижувачко ниво. Поради тоа американскиот претседател Барак Обама од Владата побара дополнителни 1,1 милијарди долари за финансирање на третманите на зависноста од хероин и други опојни дроги, јавува Anadolu Agency (AA).
Белата куќа објави предлогот со напомена дека од предозирање на опојни дроги вклучувајќи го и хероинот, умираат се повеќе луѓе отколку во ообраќајни несреќи во 2014 година. Според предлогот, најголем дел од парите ќе одат во државите за проширување на пристапот до третман за лекови за лекување од зависност. Овие средства ќе бидат вклучени во буџетот за фискалната 2017 година.
Меги Смит, гувернер на Њу Хемпшир, чија држава е уништена од хероинската епидемија, го поздрави предлогот на Обама на својата веб страница.
"Борба против оваа криза бара сите да работат заедно во државата, на федерално и локално ниво секој ден. Охрабрена сум од фактот дека претседателот ја препозна потребата дека на земјите и треба помош од федералните партнери за превенција, лекување и закрепнување од зависноста ", пишува Хасан.
Центар за контрола на болести објави информација дека во 2014 година во САД од предозираност со опојни дроги починале 28.648 луѓе.