Kemal Zorlak,Aldıjana Hadzıc
03 Февруари 2016•Ажурирај: 04 Февруари 2016
САРАЕВО (АА) - Меѓу историските настани кои се случиле на овој ден, препорачуваме:
1468 - Почина пронаоѓачот на машината за печатење Јоханес Гутенберг.
1870 - Започна изградбата на Бруклинскиот мост.
1876 - Алберт Спалдинг отвори фабрика која започна со производство на првите официјални топки за безбол, тенис, кошарка, голф и фудбал.
1903 - Почина Алоис Хитлер, татко на Адолф Хитлер.
1911 - Земјотрес со јачина од 7,7 степени го уништил градот Алмати во тогашниот руски Туркестан.
1919 - Одржано првото заседание на Лигата на народите, кој беше претходник на денешните Обединети нации (ОН).
1924 - Пронајден саркофагот на фараонот Тутанкамон.
1925 - Бенито Мусолини ја објави својата диктатура во Италија.
1957 - Претставен е првиот електричен часовник.
1959 - Алјаска стана 49-тата членка на САД.
1961 - САД ги прекина дипломатските односи со Куба.
1967 - Во Австралија е извршена последната смртна казна
1969 - Палестинскиот национален конгрес го прогласи Јасер Арафат за лидер на Палестинската ослободителна организација (ПЛО).
1969 - Роден е Михаел Шумахер, возач на Формула еден.
1977 - Apple Inc. официјално стана компанија.
2004 - Египетски "Боинг 737" на компанијата Флеш ерлајнс се урна во Црвеното Море, при што загинаа сите 148 патници и членови на екипажот, вклучувајќи и 135 французи.