Ömer Faruk Yıldız
08 Ноември 2020•Ажурирај: 09 Ноември 2020
КУАЛА ЛУМПУР
Две лица загинаа, додека три лица се повредени во хеликоптерската несреќа каде две хеликоптери се судрија во воздух во Малезија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на полициската дирекција на Малезија, два хеликоптери утрово полетаа од аеродромот Субанг во Селангор, а извесно време по полетување, се судрија во воздух и паднаа во дворот на едно училиште во Куала Лумпур.
Се истакнува дека како резултат на несреќата загинаа 2 лица, додека 3 лица се повредени.
Порпаролот на полицијата Фарук Еша рече дека повредените се во добра состојба, и дека се истражува причината за оваа несреќа.