Emre Aytekin
12 Август 2018•Ажурирај: 13 Август 2018
ПЕКИНГ (AA) - Воз во кој се наоѓале 328 патници, поради неповолни временски услови излезе од шините на југоистокот на Монголија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Кинеската новинска агенција „Синхуа“ јави дека во утринските часови од шините излегол патнички воз кој се движел од Улан Батор до Замин-Уд.
Не е познато дали има загинати, но кажано е дека голем број луѓе се однесени во блиските болници.