Ekip
12 Август 2018•Ажурирај: 13 Август 2018
ЛОНДОН (AA) - Полицијата во Манчестер соопшти дека по пукањето на Карипскиот карневал, хоспитализирани се 10 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата во Манчестер соопшти дека повредите варираат од помали до посериозни, но дека поголем дел од нив не се опасни за живот. Пукањето е пријавено околу 2:30 часот по локално време.
Детективката Деби Дули рече дека полицијата се обидува да востанови каде точно се случил инцидентот и кој е одговорен за толку опасниот напад.
Таа додаде дека во патролата ќе се вклучат дополнителни полицајци за да им помогнат на загрижените граѓани.
Пукањето се случи среде кризата со оружје и криминал во Велика Британија, што предизвика повици за владина акција во земјата во која оружјето строго се контролира.