Gamze Türkoğlu Oğuz
25 Декември 2018•Ажурирај: 25 Декември 2018
КАБУЛ (АА) - Во Авганистан, во нападот што вчера беше изведен врз јавен објект во Кабул, бројот на загинати достигна 43 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Вахид Макро, портпарол на министерот за здравство на Авганистан, информираше дека по самоубиствениот напад врз јавен објект изведен во Кабул, група вооружени лица го опколиле објектот. Во нападот загинале 43 лица.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.