Sayed Khodaiberdi Sadat
24 Октомври 2020•Ажурирај: 25 Октомври 2020
КАБУЛ (АА) - Последнава недела во нападите изведени од страна на талибанските милитанти во Авганистан животот го загубија 51 цивил, известува Агенција Анадолија (АА).
Тарик Арјен, портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Авганистан, информираше дека во последната недела, милитантите на територијата на целата земја извршиле 356 напади.
Арјен соопшти дека во овие напади животот го загубиле 51 цивил, а 137 се ранети.
Портпаролот истакна дека милитантите во споменатиот период извршиле два самоубиствени и 52 бомбашки напади.
Покрај тоа, во реакциите на Војската на нападите извршени од страна на талибанците, во последнава недела се убиени 403 милитанти, а 137 се ранети.
Талибанската страна сè уште се нема огласено во врска со цивилните жртви.