Satuk Buğra Kutlugün
06 Јуни 2018•Ажурирај: 06 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Во воздушните напади на турските сили се убиени шест терористи на ПКК и се уништени 16 мети во северен Ирак, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Генералштабот, воздушните напади се извршени во региони во северен Ирак, како што се Хакурк, Гара, Метина, Зап, Кандил и Авашин Басјан.
Последниве денови турските власти истакнаа дека подрачјето на планината Кандил, каде што се наоѓа седиштето на терористичката организација, може да биде цел на идна операција.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК - која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ - е одговорна за смртта на околу 40.000 луѓе.