Emre Gürkan Abay,Dmitri Chirciu
31 Јануари 2021•Ажурирај: 01 Февруари 2021
МОСКВА
Според неофицијалните податоци, над 1.600 лица се приведени на демонстрациите кои продолжуваат во Русија со барање да се ослободи рускиот опозиционер Алексеј Навални кој се наоѓа во притвор, јавува Агенција Анадолија (АА).
На протестите кои се одржуваат без дозвола во голем број градови ширум Русија и покрај интензивните полициски мерки учествуваат претежно илјадници лица, претежно ученици од средно образование како и студенти.
Според податоците на организациите за човекови права во земјата, на протестите се приведени 1.643 лица, од кои 338 се приведени во Москва.
Во текот на протестите приведена е и сопругата на Навални, Јулија Навални.
Некои демонстранти кои се собраа во близина на затворот „Матроскаја Тишина" каде се задржува Алексеј Навални, извикуваат пароли против владата.