Ruslan Rehimov
04 Април 2022•Ажурирај: 05 Април 2022
КИЕВ (АА) - Во нападите на руската армија во Украина животот го загубија 161 дете, а 264 деца се повредени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението издадено од Главното обвинителство на Украина се наведува дека како резултат на бомбардирањата на руската војска се оштетени 869 образовни установи, од кои 83 се целосно уништени.
Се додава дека од 24 февруари, кога започнаа руските напади, досега, животот го загубија 161 дете, а 264 деца се повредени.