Sayed Khodaiberdi Sadat
18 Јули 2020•Ажурирај: 19 Јули 2020
КАБУЛ (АА) – Изминатиот месец во напади на талибанците во Авганистан убиени се 129 цивили, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Советот за безбедност на Авганистан, Џавид Фаисал, рече дека нападите на талибанците продолжуваат и дека како резултат на тие напади убиени се голем број цивили.
Наведувајќи дека талибанците извршиле 1.456 напади минатиот месец, Фаисал рече дека во тие напади убиени се 129 цивили, а 291 се повредени.
Истакна дека талибанците немаат силна волја за мир.
Според него, најмногу цивили се загинати во авганистанските покраини Саманган, Кандахар и Нангархар.
Тој нагласи дека таргетирањето цивили од страна на милитантите претставува воено злосторство.