Barış Seçkin
18 Јули 2020•Ажурирај: 19 Јули 2020
РИМ (АА) - Во Италија во последните 24 часа како последица на новиот тип коронавирус (Ковид-19) починаа 14 лица, вкупно 35.042 лица од почетокот на епидемијата во земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство ги соопшти последните информации во врска со епидемиолошката состојба во земјата предизвикана од Ковид-19.
Во согласност со тоа, бројот на активни случаи е намален на 12.368. До денес бројот на заразени е зголемен на 244.216.
Трендот на зголемување на случаите, кој започна на 16 јули, продолжи и денес. Во последните 24 часа се потврдени 249 нови случаи на вирусот.
Бројот на оздравени лица е поголем за 323, вкупно 196.806.
Во последните 24 часа од коронавирусот починаа 14 лица, со што вкупната бројка на починати се искачи на 35.042.
Во Италија досега се направени 6.202.524 тестирања за Ковид-19.