Ekipa
10 Мај 2016•Ажурирај: 10 Мај 2016
БЕРЛИН (AA) - Најмалку едно лице им подлегна на повредите во нападот со нож кој се случи рано утрово на железничката станица во Минхен, јавува Anadolu Agency (AA).
Инцидентот се случил рано утрово во Графинг, источното предградие на Минхен Непознато машко лице нападна со нож рано утрово патници на железничката станица во Минхен во кој смртно страдаше едно лице, а три се ранети, потврди покраинската полиција на Баварија.
Портпаролката на германската полиција Михаела Гроб претходно соопшти дека машко лице е уапсено и дека властите работат на утврдување на неговиот идентитет.
Фатен е во близина на местото на настанот. Инцидентот се случил рано утрово во Графинг, источното предградие на Минхен. Можно е да постои политичка позадина на овој настан. Германските медиуми наведуваат дека напаѓачот за време на нападот извикувал „текбир".