Ethem Emre Özcan,Mehmet Burak Karacaoğlu
11 Ноември 2021•Ажурирај: 12 Ноември 2021
ИДЛИБ
Воените авиони на Русија извршија воздушен напад врз подрачјето на Идлиб кое се наоѓа во северозападниот дел на Сирија, при што, според првичните сознанија, загинаа вкупно 5 цивили од кои 3 деца, додека 4 цивили се повредени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според опсерваторијата за авиони на опозицијата, авионот од типот „Су-34“ на Русија во 11:05 часот по локално време изврши три воздушни напади врз фармата за кокошки во близина на центарот на Идлиб.
Според информациите добиени од тимовите на Цивилната заштита, во нападот, според првичните сознанија, загинале вкупно 5 цивили од кои 3 деца, додека повредени се 4 лица кои се пренесени во здравствените центри.
Од опсерваторијата, исто така нагласија дека руските воени авиони во текот на денот извршиле напад и врз зоната каде што се наоѓаат бегалски кампови во местото Маратмисрин во севериот дел на Идлиб.