Ayhan Şimşek
11 Ноември 2021•Ажурирај: 12 Ноември 2021
БЕРЛИН (АА) - Во Германија се регистрирани повеќе од 50.000 случаи на Ковид-19 во текот на изминатите 24 часа, највисока бројка откако започна пандемијата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Државниот Институт за контрола на болести, „Роберт Кох“, потврди дека во текот на изминатите 24 часа биле регистрирани 50.196 нови случаи на Ковид-19, додека таа бројка ден претходно изнесуваше 39.676.
Како последица на вирусот, во текот на изминатиот ден починаа 235 лица, со што ова е втор последователен ден бројката на починати да надминува 200.
Бројката на активни случаи се искачи на 364.400, нова висока бројка од актуелниот четврт бран на пандемијата.
Новите случаи нагло се зголемија во текот на изминатите недели во источните региони Саксонија и Турингија, кои имаа најниска стапка на вакцинација меѓу 16-те федерални покраини.
Минатата недела, „Роберт Кох“ предупреди дека бројот на заразени во Германија веројатно ќе расте бидејќи луѓето поминуваат повеќе време во затворен простор во текот на студените месеци и поголем број луѓе остануваат невакцинирани.
Во Германија, бројот на потполно вакцинирани против Ковид-19 достигна 55,9 милиони или 67,3 отсто.
Целта на Владата е да вакцинира најмалку 75 отсто од популацијата за да спречи експоненцијален раст на нови случаи за време на есенскиот и зимскиот период.