Sayed Khodaberdi Sadat
18 Април 2016•Ажурирај: 19 Април 2016
МАЗАР И-ШАРИФ (АА) - Во операцијата што е спроведена во провинцијата Куштепе, на северот од Авганиситан, убиени се 10 талибански милитанти, јавува Anadolu Agency (AA).
Градоначалникот на Џевизџан, Љутфулах Азизи, за дописникот на АА изјави дека пред два дена милитантите, паралелно извршиле два напада врз обласните полициски станици, кои сѐ уште се во тек.
Азизи истакна сека во операцијата се убиени 10 припадници на талибанците, а голем број милитанти се ранети.
Градоначалникот Азизи изјави дека центарот на градот е под опсада на талибанците, истакнувајќи дека доколку не се испратат сили за поддршка од Кабул, милитантите ќе ја преземат контролата.
Во нападите што пред два дена врз полициските станици во областа на Куштепе ги извршија талибанските милитанти, загинаа шестмина припадници на безбедносните сили.
Во меѓувреме, во градот Акча, во областа Џевизџан, од заталкани куршуми ранети се шестмина цивили.