Umur Koçak Semiz
18 Април 2016•Ажурирај: 18 Април 2016
ПОРТОВЕХО (АА) - Во земјотрес кој го зафати Еквадор во петокот вечер, досега загинаа 272 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
По земјотресот се случиле уште 230 последователни помали потреси, поради кои луѓето исплашени веќе два дена се на улица.
Земјотресот на крабрежјето на Тихиот Океан предизвика голема материјална штета а како последица на земјотресот срушени се и згради во соседните Перу и Колумбија.На стадионите во градовите Педерналес и Портовехо отворени се мобилни болници.
Во градот Гвајакил се сруши кров од трговски центар а додека во градот Манта се урна аеродромската контролна кула.
Со цел да се спречат пљачките во загрозените области се испраќаат поголем број припадници на војската и полицијата.
Поради безбедносни мерки затворени се хидроцентралите и нафтоводите во земјата.
Покрај земјите од ЕУ и Венецуела, Колумбија Перу, Мексико и многу меѓународни организации испратија помош на погодените подрачја.
Американскиот Геолошки Истражувачки Центар ја промени претходната изјава за јачината на земјотресот од 7,4 на 7,8 степени според Рихтер. Епицентарот на земјотресот беше на 170 километри северозападно од главниот град Кито, на длабочина од 19 метри.