Ekipa
18 Април 2016•Ажурирај: 19 Април 2016
ТОКИО (АА) - Спасувачките екипи во Јапонија утринава продолжија со спасување на повредените жители откако земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала го погоди јапонскиот остров Кјушу на 14-ти април и земјотресот од 7,4 степени, што следеше два дена подоцна, јавува Anadolu Agency (AA).
Бројот на жртвите, според најновите податоци е 42 а околу илјада луѓе се повредени. Во локалните засолништа се сместени 104.900 жители.
Неколку засолништа во јужниот дел на Кумамото пријавија недоволен број на оброци за жителите. Четири авиони стационирани во Окинава ќе пренесуваат околу 20 тони намирници, вклучувајќи вода, храна и ќебиња.
Во последниот земјотрес во Јапонија уништени се десетици патишта, станбени и комерцијални објекти и куќи. Јапонската метеоролошка агенција ги повика луѓето да бидат претпазливи, предупредувајќи ги дека се можни потреси во наредните денови.