Davit Kachkachishvili
25 Ноември 2017•Ажурирај: 26 Ноември 2017
БАТУМИ (АА) - Најмалку 11 лица загинаа во пожар што избувна во хотел во градот Батуми во Грузија, јавува Anadolu Agency (AA).
Во несреќата која се случи загинаа десет грузиски граѓани и еден иранчанец. Оваа информација е потврдена од страна на Министерството за внатрешни работи на оваа земја.
Од таму наведоа дека 21 лице било повредено и дека нема животно загрозени.
Во Батуми утринава пристигна и грузискиот премиер Ѓорѓи Квирикашвили кој потврди дека трагедијата се случила во овој град.