Bekir Aydoğan
27 Септември 2023•Ажурирај: 28 Септември 2023
ЕРБИЛ (АА) - Во пожарот што избувна во сала за свадби во ирачкиот град Мосул животот го загубија 100 луѓе, а околу 500 се повредени, пренесува Анадолу.
Ахмет Хамдани, заменик-директор на Канцеларијата за здравство на Мосул, за локалните медиуми изјави дека пожарот избувнал во салата за свадби во местото Хамданија.
Во моментот на избувнувањето на пожарот во салата имало околу 800 лица.

Локалните извори наведуваат дека причина за пожарот се средства за огномет.
Бројни противпожарни екипи и возила на итната помош од околните провинции се упатени на местото на пожарот.
Најавено е дека регионот ќе го посети и министерот за внатрешни работи, Абдулемир Шамани.

На социјалните мрежи се појавија и снимки од пожарот, што избувна додека невестата и младоженецот танцувале.
На снимките се забележува како луѓето бегаат во паника во обид да се спасат од огнената стихија.