Ahmet Gençtürk
22 Јули 2022•Ажурирај: 23 Јули 2022
АНКАРА (АА) - Најмалку 18 луѓе се убиени во полициска рација насочена кон организирани банди во вториот по големина град во Бразил, Рио де Жанеиро, објавија локалните медиуми вчера.
„Меѓу оние кои загинаа во голема операција спроведена од 400 полицајци во квартот Комплексо до Алемао се 16 члена на банда, еден воен полициски службеник и еден цивил“, објави „Глобо њуз“ (Globo news), повикувајќи се на прес-конференцијата што ја организираше полицијата.
Целта на операцијата беше да се уапсат членовите на бандата кои биле вклучени во кражби, но полицијата соопшти дека полицајците биле „насилно нападнати“.
„Глобо њуз“ во веста наведе дека локалната Комисија за човекови права и правното здружение тврделе дека бројката на загинати би можела да биде поголема.