Emre Aytekin
24 Август 2018•Ажурирај: 25 Август 2018
АНКАРА (AA) - Земјотрес со јачина од 7,1 степени по Рихтеровата скала го потресе Мадре де Диос на границата меѓу Перу и Бразил, јавува Anadolu Agency (AA).
Американскиот центар за геолошки истражувања (USGS) соопшти дека епицентарот е забележан на подрачјето на Амазонскиот базен, на длабочина од 609 километри.
Уште нема податоци дали имало човечки жртви и материјална штета. Земјотрес со оваа јачина предизвикува сериозна штета на големо подрачје.