Haydar Hadi
11 Март 2017•Ажурирај: 12 Март 2017
МОСУЛ (АА) - Во последните 24 часа ирачкиот Мосул го напуштиле повеќе од 12.000 лица, соопшти Министерството за миграција во Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Цивилите ги напуштаат своите домови да ги избегнат нападите од страна на терористичката организација ДЕАШ.
„Во последните 24 часа од западниот дел на Мосул, каде што траат акциите против ДЕАШ, ја напуштиле 12.458 лица", соопшти Министерството за миграција во Ирак.
Од почетокот на акцијата за ослободувањето на Мосул, домовите ги напуштиле 89.245 луѓе.
Терористите на ДЕАШ од летото 2014 година го контролираат вториот по големина ирачки град Мосул.
По три месеци од операциите здружението на ирачките сили со поддршка од страна на меѓународната коалиција во јануари го ослободија источниот дел на Мосул, а на 19 февруари започна акцијата за ослободување на центарот на градот, кој се наоѓа на западниот брег на Тигар.