Ekipa
10 Октомври 2018•Ажурирај: 12 Октомври 2018
БРИСЕЛ (АА) - Голем корупциски скандал го потресе белгискиот фудбал денес, кога полицијата изврши 57 рации во земјата и пошироко во Европа, во состав на истрагата за финансиски измами и местење натпревари, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од канцеларијата на Федералното обвинителство објавија дека во Белгија се извршени 44 рации и уште 13 во Франција, Луксембург, Кипар, Црна Гора, Србија и Македонија.
Во соопштението на Обвинителството е наведено дека долгогодишната истрага во фудбалот довела до докази за „сомнителни финансиски операции“ на спортските менаџери и индикации за можност за влијанието на резултатите на натпреварите за време на минатата сезона.
„Местењето на натпреварите го поткопува интегритетот на спортот. Секретаријатот за правда работи на тоа спортот да биде фер“, изјави Коен Жин, министерот за правда на Белгија.
Неочекувана истрага се случи само три месеци откако фудбалската репрезентација на Белгија освои трето место на Светското првенство во Русија.
Според локалните медиуми, еден од испитаниците беше најпознат менаџер во Белгија, потоа Иван Леко, тренерот на клубот Бруж и поранешниот официјален претставник на Андерлехт.
„Менаџер, судии, поранешен адвокат, сметководствени канцеларии, јувелирници, новинари, се наоѓаат меѓу оние кај кои е извршена рација“, објавија белгиските власти без наведување на имиња.
„Истрагата се врши со активности кои се однесуваат на криминална организација, перење пари и корупција“, наведоа од Федералното обвинителство.
Рациите се извршени во сите белгиски региони. Во акцијата се вклучени 184 полициски официјални претставници во Белгија и 36 во другите земји.
Во соопштението на Обвинителството се вели дека некои фудбалски менаџери, независно едни од други, „сакале да ги сокријат“ провизиите од трансферот на играчи, наплатите од играчи и тренери и други наплати од белгиските власти, што би довело до даночни губитоци.