Gökhan Kavak
09 Октомври 2021•Ажурирај: 12 Октомври 2021
ИСТАНБУЛ
Осум лица загинаа, од кои шестмина се кинески државјани, во експлозија на рудник за никел во јужноафриканската држава Зимбабве, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите што ги објавија медиумите во Зимбабве, боца со кислород експлодирала во рудник за никел во областа Мазове, северно од главниот град Хараре.
Од експлозијата во рудникот животот го загубија осум лица, од кои шест се кинески државјани.
Во објавените вести се наведува дека експлозијата се случила додека работниците работеле со боци со кислород, додавајќи дека и претходно еден рудар од Зимбабве загинал од експлозија на боза за кислород.