Islam Uddin
22 Февруари 2023•Ажурирај: 23 Февруари 2023
ПЕКИНГ (АА) - Најмалку две лица ги загубија животите при уривање на рудник во кинескиот автономен регион Внатрешна Монголија, пренесува Анадолу.
Според веста што ја објави Кинеската државна новинска агенција „Синхуа“, нема информации за повеќе од 50 рудари кои работеле во урнатиот дел од рудникот.
Екипите за пребарување и спасување досега пронајдоа мртви тела на двајца рудари, додека еден рудар жив е извлечен од рудникот.
Властите се загрижени дека е можно бројот на загинати да се зголеми.
Автономниот регион Внатрешна Монголија кој се протега на огромна површина, познат е како еден од најбогатите региони во Кина од аспект на минералните ресурси.